Дејан Станковиќ од декември би требало да стане првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, како што пренесува италијанскиот весник „Газета“.
Според пишувањата на италијанските и српските медиуми, доаѓањето на Станковиќ на чело на ФСС е се поблиску.
Станковиќ официјално треба да ја преземе функцијата во декември, а како прва задача би му била да најде замена за сега поранешниот тренер Синиша Михајловиќ на клупата од репрезентацијата на Србија.
Изборот би можел да се случи дури во мај наредната година, со оглед на тоа дека српската селекција во меѓувреме има само еден пријателски меч, па затоа нема потреба да брза.
Станковиќ во неговата кариера настапуваше за Црвена Звезда, Лацио и Интер со кој стана шампион на Европа и на светот, а оваа година официјално се пензионираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.