Декември е последниот и за многумина најубавиот месец во годината кога се буди оптимизмот за следната година и желбата за убави и вредни моменти. Празниците се одлична можност секој да ја покаже својата иновативност и да ги изненади своите најблиски.
Во пресрет на празниците и прекрасната новогодишна атмосфера Ми Да Гранд Моторс, ексклузивниот импортер за „Ford“ во Македонија за сите потенцијални купувачи овозможи специјална новогодишна прилика.
– Најмагичниот месец во годината, Декември, го посветуваме на единствената „Fiesta“ која е најмодерното, а воедно и најпродаваното мало возило во Европа. По тој повод подготвивме празнична кампања во која секој кој ќе се одлучи за новата „Fiesta“ може да одбере помеѓу бензински или дизел мотор со Тренд ниво на опременост и новогодишни цени. Привилегијата е во тоа што возилото може веднаш да го подигнете и да одберете еден од вредните подароци кои следуваат.
Во текот на овој празничен период за секоја нова „Fiesta“ Вие избирате помеѓу iPad Air, 300 литри гориво или алуминиумски фелни со зимски гуми како подарок. Сега сите кои сакаат да набават нов автомобил во „Ford“ добиваат најмногу, а со тоа и можност да изненадат некој од своите најблиски. Среќна Нова Фиеста!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.