Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак кој е член на ракометниот клуб Хамбург е избран за најдобар светски ракометар за 2013 година во изборот на порталот “handball-planet.com” кој е специјализиран за ракомет и каде известуваат новинари од 11 земји. На сајтот гласале преку 145 000 навивачи. Дувњак убедливо е на првата позиција со 35 бодови. На второто место се пласираше десниот бек на Веспрем и унгарската репрезентација Ласло Наѓ со 26 бодови, додека трет е ракометарот на Кјелце Хулен Агинагалде кој собра 23 поени.
Најдобриот македонски репрезентативец Кире Лазаров се најде на второто место во изборот за најдобар десен бек веднаш зад Наѓ.
Идеалниот состав за 2013 година е:
Голман: Арпард Штербик
Лево крило: Андерс Егерт
Лев бек: Сјархеј Рутенка
Среден бек: Домагој Дувњак
Десен бек: Ласло Наѓ
Десно крило: Ханс Линдберг
Пивот: Хулиен Агинагалде
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.