Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ беше промовирана најновата книга од проф. д-р Јованка Кепеска „Мигот наш денешен“.

Како што истакнува авторката во својот предговор на книгата, таа е посветена на потрагата за исполнетоста и убавината на живеењето и за тоа што ги определува нив во ова наше сегашно време. Текстовите, кои, во основа се објавувани во научни публикации, како реакција на тековни настани и написи, конечно се приредени во оваа книга за да прикажат целовито гледање за индивидуалниот и општествениот миг кај нас но и како дел од соврменеото општество. Во интерес на својот и на светскиот развој затоа ќе ги продлбочуваме научните сознанија, еднакво за историјата како и за актуелните аспекти на својата земја, дотолку повеќе, што како врв на лошата судбина се јавува оспорувањето на нашето име од страна на Грција. А идентитетот на македонскиот народ, што не е само чувство на поединци, лежи во севкупноста на одговорите на прашањата за тоа кои сме ние, поради што сме тоа, преку творечките облици, науката и политиката.

Книгата ја промовираа: проф. д-р Сузана Симоновска и проф. Ивица Боцевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


