Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, бранеше извонредно против Барселона, нанижа импресивни 19 одбрани, а една од нив го заслужи петтото место на Топ5 листата на ЕХФ ТВ, за седмото коло во Лигата на шампионите.
Милиќ му фати „жива топка“ на Томас во момент кога крилото на Барселона се обиде да го лобува. Потврда за одличните одбрани на популарниот Џамбо се и комплиментите што ги доби од шпанските новинари, кои напишаа дека Страхиња е еден од најдобрите голмани што бранел за гостински тим во Барселона против најтрофејниот клуб на планетата.
Видеото со најдобрите 5 одбрани во седмото коло од ЛШ можете да ги погледнете овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


