Тренерот на Металург Лино Червар не зборуваше долго на прес конференцијата по натпреварот со вечерва незгодните Швајцарци.
„И покрај лошата игра мора да кажам дека на крајот издржавме и дојдовме до бод кој може да биде многу важен понатаму “ изјави Червар.
За него е јасно дека во оваа конкуренција се казнува секоја слабост.
„Бевме фаворити но во лигата на прваци мора да се игра без опуштање затоа што квалитетот на сите екипи е голем“, вели хрватскиот стручњак кој им честиташе на швајцарците.
За Червар дополнителната анализа ќе покаже колку во понатамошните мечеви ќе биде важен денеска освоениот бод против Вакер Тун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.