| четврток, 6 декември 2018 |

(Обновено) Гоце Георгиевски: Мислевме дека ќе биде најлесен а излезе најтежок натпревар

 

„Швајцарците се бореа повеќе од нас, ниме мислевме дека победата сама ќе си дојде. Сега останува да видиме како ќе се одвиваат работите во оваа фаза од играта“, изјави Гоце Георгиевски на прес конференцијата по мечот со Валер Тун.

Предходно во отворената програма на Алфа телевизија десното крило на Металург  натпреварот го оцени како неочекувано тежок.

„Мислевме дека ова ќе биде најлесен а излезе најтежок натпревар“, изјави Георгиевски

За крилото на Металург бодот освоен во последните моменти од мечот е значаен затоа што на неговата екипа ќе ја олесни работата доколку на крајот на овој дел од лигата на шампионите екипата од Автокоманда не успее да оствари значителна предност пред Динамо Мински кој покрај Вардар и ПСЖ  е најголем ривал за пласман во 16 финалето од ракометnата лига на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top