Четири лица загинаа и десетици се повредени кога патнички воз на „Метро-Норт“ во Њујорк денеска излета од шините, јави Ен-Би-Си.
Според податоците на властите, несреќата се случила околу 07:20 минути по локално време, близу станицата „Спајтн Дајвил“ во Бронкс. На снимките од несреќата се гледаат осум вагони надвор од шините.
Се соопштува за голем број повредени, но без да се прецизира дали меѓу нив има и потешко повредени. На местото на несреќата работат 130 пожарникари.
Очевидец тврди дека ниту еден од вагоните не е во вода, но едниот е многу близу до местото каде Харлем се влева во Хадсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.