| четврток, 6 декември 2018 |

Пари Сен Жермен го победи Динамо Минск (35-29)

Пари Срн Жермен го победи Динамо во Минск со 35-29 и ширум им ги отвори портите на македонските претставници Металург и Вардар кон топ-16 фазата. Парижани доминираа во текот на целиот меч и рутински ги освоија за нив клучните бодови за пласман меѓу 16 најдобри ракометни екипи во Европа.

На пат кон завршницата по оваа победа на ПСЖ се и Металург и Вардар. Вицешампионот на Македонија Металург со победа денеска против Тун ќе го завери пласманот во осминафиналето, а Вардар ќе мора да го победи Динамо во директен дуел во Скопје во меч од следното осмо коло во Ц групата.

Дуелот меѓу Металург и Тун се игра вечерва од 18 часот во салата „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top