Хоризонт Турново ја декласира Ренова со 4-0 во денешниот дуел од 18. коло во Првата македонска лига и заедно со Работнички и Пелистер го дели врвот на табелата со по 31 бод.
Дејан Блажевски, Музафер Ејупи на двапати и Ристовски стрелаа прецизно за лесен триумф на турновци.
Пелистер освои еден бод на тешкото гостување во Тетово кај Шкендија. Натпреварот заврши без голови. Металург со погодокот на Марко Симоновски од пенал ја победи Македонија Ѓорче Петров, а Брегалница и Еуромилк одиграа нерешено 1-1. Изненадувањето во Првата Лига, Еуромилк, кој беше отпишан како најсериозен кандидат за испаѓање, игра одлично и поведе со голот на Јашаровски. Во финишот Горан Здравков од пенал и донесе бод на Брегалница.
Мечот меѓу Гостивар и Вардар е одложен поради замрзнатиот терен во Гостивар и можно е да се одигра во вторник на „Филип втори“ арената во Скопје.
Табела: Турново, Работнички и Пелистер по 31 бод, Вардар 30 (натпревар помалку), Металург 29, Ренова 24, Еуромилк , Брегалница и Шкендија по 22, Македонија ЃП 16, Напредок 13, Гостивар 11 (-1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


