| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ќе остане без Влада

Словенија ќе остане без Влада. Партијата на словенечките пензионери одлучила да ја напушти Владата на Јанез Јанша, со што таа ќе биде малцинство во парламентот. Ова го потврдил генералниот секретар на партијата Љубо Јасниќ, кој нагласил дека  министрите и државните секретари од таа партија ќе поднесат оставка на 22-ри февруари и дека Извршниот одбор на партијата на раководството му дава полно овластување да учествува во “формирање на конструктивната недоврба на владата и да формираат решение за излез на државата од политичката криза“.

И претседателот на партијата Карл Ерјавец, кој е и министер за надворешни работи, потврдил дека неговата партија ќе се ангажира во барањето за нов мандат на владата. Тој додал дека партијата на пензионерите ќе се залага парламентот да изгласа „конструктивна недоверба на владата на Јанша“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top