| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето луѓе не дишат додека пишуваат на тастатура

Луѓето кои често пишуваат на тастатура стануваат толку преокупирани со зборовите што престануваат да дишат. покажуваат резултатите на најновото истражување на британските научници. Таа преокупираност доведува до проширување на зениците, немирни нозе, прекумерно потење, вртоглавица и забрзано чукање на срцето, објавил британскиот весник “Dejli mejl”. Она што следува, доколку лицето пречесто пишува, вклучува хроничен замор, суво рло, слабо помнење, пад на концентрацијата, главоболка, раздразливост, депресија, ниско либидо, па дури и импотенција.

Некои дури и веруваат дека луѓето се подебели и посклони кон дијабетис, поради комбинацијата на држење на здивот цел ден и недоволни активности, наведува британскиот весник, и додава дека решението е правилно дишење на време на типкањето на тастатура. Оваа состојба е забележана кај 80 проценти од луѓето и претставува навика која луѓето со тек на време ја усвоиле, а тоа е поради типкањето, посебно на некој посложен текст, неправилно и нерамномерно дишат, што лошо влијае на здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top