| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ го реши најголемиот проблем со вашата тастатура

Големите смартфони направија типкањето да стане речиси невозможно без користење на двете раце, така Гугл се одлучи да ги надогради своите тастатури на Андроид.

Новата верзија на тастатурата треба наскоро да се појави, а 5.0 има посебна можност за поместување на комплетот на виртуелни типки на десната или на левата страна на уредот.

Оваа опција дозволува типкање со само една рака, без оглед дали станува збор за десната или левата. Тастатурата се активира со едноставно притискање на типката запирка, а потоа се појавува иконче со една рака чие активирање ја намалува тастатурата и ја поместува на десна или на лева страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top