Борче Маневски беше расположен за голови, попладнево на „Филип втори“ арената во Скопје, а неговиот тим Работнички го победи Напредок со 4-3 и се искачи на врвот на табелата во Првата македонска лига.
Фестивалот од голови го најави Милушев во осмата минута, на 2-0 за Работнички зголеми Маневски во 39. минута, резултат со кој се замина на одмор, по 45 минути игра. Во вториот дел со два гола набрзина во 53. и 60. минута, Цветановски и Мојсовски израмнија на 2-2, а повторно на сцена стапи расположениот Маневски. Напаѓачот на „романтичарите“ даде уште два гола во 71. и 83. минута со што ја запечати победата на Работнички. Балажи во самиот финиш од пенал го ублажи поразот на Напредок.
Работнички со 31 бод, но и меч повеќе од конкурентите, сега е лидер, пред двоецот Вардар и Пелистер, кои имаат по 30 бода, но и натпревари утре во рамките на 18 коло. Напредок е претпоследен со 13 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.