Домаќинот на ЕП во кошарка во 2013 ги одреди цените за следење на натпреварите, на кој во септември ќе учествува и Македонија. Најевитините билети за првата фаза од натпреварувањето или средбите по групи, се движат од 15 до 35 евра во зависност од местото на седење.
За натпреварите во разигрувањето цената на влезниците се движи од 17 до 55 евра, за четвртфиналето од 19 до 75 евра, за полуфиналето од 25 до 120 евра. Билетите за финалето ќе се продаваат од 35 до 180 евра. На натпреварите за пласман, за дуелите од 5. до 8.место цените на влезниците ќе се движат од 4 до 20 евра, а за малото финале – од 30 до 150 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.