| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи успешно се опоравува

Македонската пејачка пред само десеттина дена во Швајцарија се оперираше, при што успешно ѝ беше разбиен бубрежниот камен. Поради зафатот, Калиопи мораше да ги оложи своите концерти во Загреб и Скопје и да ја прекине балканската турнеја.

Сепак, пејачката брзо се опоравува. Синоќа таа преку „Инстаграм“ ги извести сите пријатели, колеги и обожаватели дека веќе заздравува. Таа ја сподели фотографијата со нејзиниот колега и пријател, пејачот Владо Јаневски и нивната дружба во ресторанот „Пелистер“ на плоштад Македонија.

Калиопи и Владо заедно се дел од новата кампања на „Т-мобиле“ и неодамна ја препеаја познатата детска песна „Во светот на бајките“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top