Владо Јаневски по пауза од речиси 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02-ри август.
Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.
Владо Јаневски денеска го промовираше и спотот за песната „Главен град на тагата“. Тој е композитор и текстописец на песната.
-Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со поддршка од безвременскиот бренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп-музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат овој пример, рече Јаневски.
Аранжманот е на Роберт Билбилов, продуцент Дарко Димитров, а режијата на спотот е на Бане Поповиќ.
-Спотот е снимен во текот на јуни во Скопје, на познати градски локации преку кои се пренесува летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната, вели Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фановите загрижени: Влошено е здравјето на Владо Јаневски, концертот одложен
-
Владо Јаневски ќе одбележи 25 години кариера со концерт на стадионот на АРМ
-
„Последна заблуда“-уште една во низата најубави љубовни пораки од песните на Владо Јаневски (галерија) (видео)
-
Владо Јаневски: Повеќе не одам на оргии!