Македонската женска ракометна репрезентација претрпе висок пораз од Хрватска со 10 гола разлика, 20-30 на првиот меч за новиот селектор Ристо Магдинчев. На турнирот во Врњачка Бања, Србија, Хрватките беа убедливо подобри, а нивната победа во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
По првите 30 минути противникот имаше предност од 17-10, а во еден момент разликата беше цели 11 гола, 26-15 за Хрватска. Во нашиот табор најрасположена беше голманката Наташа Антиќ со 16 одбрани. Денеска ќе играме против Ангола, а утре противник ни е домашната селекција, Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.