| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос вреди 65 милиони евра

Црвениот картон што го заработи на натпреварот против Галатасарај, може многу скапо да го чини фудбалерот на Реал Мадрид Серхио Рамос.

Претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез е подготвен да го продаде одличниот дефанзивец, а познато е и по која цена.

Кој сака во своите редови да го донесе 27-годишниот Шпанец ќе мора да издвои 65 милиони евра, а се споменува дека Перез е подготвен да го продаде Рамос дури и на Барселона.

Перез и Рамос не разговараат уште од мечот против Гранада кој се одигра пред три месеци, а првите несогласувања ги имаа уште во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top