| четврток, 6 декември 2018 |

Владата формира Комисија за избор на композиции кои ќе добијат субвенција

vlada-604x272

Владата ќе распише оглас за креирање на Комисија за стручен избор на композициите од областа на музиката, кои ќе бидат субвенционирани. За ова денеска информираше потпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Како што истакна владиниот потпарол, членовите на Комисијата ќе се одбираат во тесна соработка со музичките соработници, а огласот ќе трае до 15 декември. Националниот сервис МРТ ќе биде носител на сите процеси.

– Од оние кои ќе конкурираат, ќе биде направена потесна листа од 40-50 кандидати, од кои ќе се избира Комисијата по пат на електронски систем, а во истата ќе има 5 до 7 членови, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Конечната листа на членови на Комисијата ќе биде избрана до крајот на годината, а од пропишаните 200, 150 треба да бидат народни и забавни композиции, а 50 детски.

Инаку, се работи за субвенција од 5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top