Првите два-три дена од наредниот месец ќе донесат тренд на зголемување на минималната температура во однос на минималната што ја имавме денеска. Кон средината на наредната недела се очекува разведрување и нешто постудени утра со негативна минимална температура, но повторно далеку од вредноста -25°С – објави „Метеопро“.
Услови за позначително заладување постојат некаде околу 9 декември, но повторно делот од Балканот каде што се наоѓа нашата земја ќе биде на граница на таа студена воздушна маса. Во слични такви услови низ годините наназад многу често сме биле одминати од големи студови, додека на северот од полуостровот температурата се спуштала и до -25°С.
Ваквата прогноза доаѓа по прогнозите на Доминик за страшен студ на Балканот на почетокот на декември, и тоа ни повеќе ни помалку туку -25°С. „Метеопро“ тврди дека тоа нема да се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.