| четврток, 6 декември 2018 |

Двете струи го распукуваат СДСМ

branko-zaev-sobranie

Целосен паралелизам се случува во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Поделеноста на два табора станува секојдневние во сите општински организации на СДСМ, објави „Денешен.мк“.  Веќе извесен период двете струи, едната блиска до поранешниот лидер Бранко Црвенковски и втората до актуелното раководство, предводено од Зоран Заев, речиси секојдневно по општинските организаиции држат состаноци, додава порталот. Според нив, групата што ги обиколува општинските организации блиска до Црвенковски ја сочинувале Емилијан Станковиќ, Горан Минчев и Благоја Стојановски. Таборот на Зоран Заев го предводат Оливер Спасовски и Марјанчо Николов.

Партиски извори за „Денешен.мк“ откриваат дека често ваквите паралелни состаноци, некогаш и во исти ден, предизвикале збунетеост кај членството. Заев, Стасовски и Николов го убедувале членството на партијата дека СДСМ има нов реформски курс, кој ќе биде ослободен од поразителните политики од претходното раководство, додека, пак, Станковиќ, Минчев и Стојановски на состаноците низ државата пропагирале дека, Зоран Заев е само формално лидер на партијата, привремено на таа позиција и дека СДСМ сè уште ја води Бранко Црвенковски. Овие тројца барале лојалност од сите раководства на општинските организции и терпение до изборите во март, по што ќе следела наводна нова смена на раководството во СДСМ и најверојатно враќање на Црвенковски на политичката сцена.

Групата блиска до Заев, пак, според партиски извори барала лојалност кон актуелното раководство. Онаму каде што не наидувале на поддршка, веќе се извршени смени на општинските раководства.

Партиски извори за „Денешен.мк“, откриваат дека во неколку општински организации биле избегнати сериозни инциденти и физичка пресметка меѓу двата табори. Најкарактеристичен пример бил состанокот, што пред неполни два месеца, Минчев, Станковиќ и Стојановски го држеле во Кавадарци, кој според нашите информации завршил со нивно исфрлање од општинската организација од приврзаниците на Зоран Заев.

Тензии имало и во Прилеп, Охрид, Пехчево, Делчево, Штип и во уште неколку града од источна Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top