Меѓународните метеоролошки станици тврдат дека од 1 декември доаѓа моќен студен бран кој ќе го погоди целиот Балкан и ќе донесе многу ниска температура и снег.
Температурата, според изворот, ќе биде многу ниска. И од метеоролошкиот центар на Норвешка, кој се смета за еден од најдобрите во светот, велат дека температурата ќе падне под минус 10 степени.
Светските метеоролошки станици прогнозираат дека пред нас стои најстудената зима во последните 100 години.
Доминик Јунг, германски метеоролог кој го поддржува ова тврдење, вели дека ова ќе биде мошне јака зима. Во декември и јануари, според него, Балканот ќе биде под мраз, а дури во фебруари се очекува минимално затоплување.
Јунг тврди дека е можно дневната температура да биде минус 10 степени, а ноќната до минус 25. Покрај тоа, ќе има и многу снег, особено во јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


