Дирекцијата за култруа и уметност на Скопје и Министерството за култура и годинава продолжуваат со проектот „Кич, да!?/Сте или не?/“ Седма година по ред проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката со дрдните имиња не само од македонската туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на дела од академскиот сликар Димитал Малиданов, која ќе биде отворена утре во 19 чесот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Малиданов е роден на 5 декември 1946 година во Саракиново, Воденско. 1972 година дипломирал на одделот за сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана кај проф. Габриел Ступица. На истата академија 1975 година завршил постдипломски студии по графика кај проф. Марјан Погачник. 1976/1977 специјализирал литографија на Е.Н.С. де Бозар во Париз кај проф. Жорж Дајез. Од 1977 до 1981 работел во Музејот на современа уметност Скопје како ликовен соработник. Набргу по отворањето на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје тој се вработил како професор по графика. На ФЛУ сега е редовен професор, а од 2006 година и декан на факултетот.
Досега имал триесетина самостојни изложби, а учествовал и на преку 200 групни изложби во Република Македонија и надвор од неа. Покрај тоа учествува на ликовни колонии и работилници дома и во странство. Во 2001 година под неговото менторство се одржа графичката работилница, посветена на техниката сува игла.
За својата уметничка и педагошка работа Малиданов има добиено високи награди и признанија. Добитник е на највисоката награда за уметност на Република Македонија, награда 11. октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


