И покрај противење од САД, Британија и Австралија, Обединетите Нации го изгласаа „Правото на приватност во дигиталната ера“. Оваа резолуција доаѓа по откритијата дека американските власти го прислушуваат Интерентот и телефоните на интернационални организации.
Доверлив документ на САД открива дека земјата не верува дека нивните шпионски активности се нелегални, бидејќи се одобрени од судовите и Конгресот, и при собирањето на податоците за милиони граѓани се почитува правото на приватност. САД и Британија се обидуваа да го разводенат јазикот кој се користи во документот, барајќи правото на приватност да биде интерно за секоја држава, но документот јасно наведува дека приватноста треба да се почитува без врска на државјанството на индивидуата, пишува „Гардијан“.
Целиот текст прочитајте го на it.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.