Меѓународната паневропска унија уште еднаш се крева против срамното вето што го поставува грчката влада што ја лишува Македонија од легитимното право на членство во Европската унија. Ова денеска го порача претседателот на Паневропската унија, Ален Тереноар, во соопштение по одржаната 20-годишнина на паневропејците во Република Македонија, јавува МИА.
Според соопштението на Тереноар, едногласност од сите земји-членки се бара за земјата да влезе во Унијата и се наведува дека Грција е единствената од 28 членки на ЕУ што, според него, го злоупотребува консензусот со ставањето вето за пристапувањето на Република Македонија кон Унијата.
Меѓународната паневропска унија порачува: „Независна од 1991 година, Република Македонија ги исполнува задолжителните критериуми да почне со пристапните преговори веќе долго време, но е оневозможена да им се приклучи на другите земји од Југоисточна Европа, како Грција, Бугарија, Романија, Словенија и Хрватска, кои веќе се членки на ЕУ“.
– Користењето на името Република Македонија како изговор, зашто тоа име Грција не го прифаќа, целата ситуација ја прави неразбирлива бидејќи голем број европски и медитерански земји го задржаа името што се користело во античкиот период со кој етнички и културно немаат значителна врска. Ова е токму случајот на Грција во 21 век – порачува првиот човек на паневропејците во соопштението.
– Никој не може да противречи на фактот дека Република Македонија се наоѓа на територија на која дури и за време на турбулентната историја на Западниот Балкан била македонска, без оглед на границите и територијалните анексии/спојувања – вели Тереноар,.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.