Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две позиции и на најновата ранг-листа на ФИФА е на 84. место. Интересно е што Македонија немаше настапи во изминатиот период, по завршувањето на квалификацискиот циклус за СП 2014, па напредокот на листата се должи на падот на рејтингот на другите селекции.
На врвот нема промени, а доминацијата на Шпанија продолжува. „Црвената фурија“ е неприкосновен лидер во светот на фудбалот, а рејтингот е поткрепен со двете највредни титули, европската и светската круна. По нив следуваат Германија, Аргентина и Колумбија, а на петтото место се проби селекцијата на Португалија, која со две победи во баражот против Шведска успеа да избори пласман на Светското првенство.
Меѓу првите десет најдоброрангирани фудбалски репрезентации се и Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


