| четврток, 6 декември 2018 |

Замброта го презеде Кијасо

Поранешниот италијански дефанзивец Џанлука Замброта е избран за нов тренер на швајцарскиот второлигаш Кијасо.

Замброта ќе ја има улогата играч-тренер, со оглед на тоа дека за Кијасо игра во одбраната.

Триесет и шестгодишниот Италијанец, кој беше член на репрезентацијата која ја освои титулата светски шампиони во 2006 година, со швајцарскиот тим потпиша договор до 30 јуни 2014 година со цел да го спаси клубот да не испадне од лигата.

Кијасо, кој се наоѓа неколку километри од неговото родно место Комо, моментално е претпоследен во втората швајцарска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top