| четврток, 6 декември 2018 |

Заев до Атака: Можете да ја добиете Струмица само на разгледница

Во Струмица живеат луѓе кои зборуваат македонски јазик, кои пеат македонски песни, играат македонски ора, учат, пишуваат, читаат и размислуваат на македонски и стојат простум кога се интонира македонската химна. Оние кои бараат да биде Струмица дел од Бугарија, нека остават точна адреса затоа што можат да ја добијат Струмица само на разгледница…, а на разгледницата ќе пишува поздрав од МАКЕДОНИЈА – напиша првиот човек на Струмица, Зоран Заев, на својот профил на „Фејсбук“ откако беше поднесена декларација од страна на пратениците на Атака со барање териториите во Србија и во Македонија населени со Бугари да ѝ бидат вратени во владение на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top