Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“. Тоа, како што дознава „Дневник“ од извори во Министерството за правда, е една од измените на Изборниот законик подготвени од работната група при Министерството, по препорака на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија.
Освен тоа, како што објави весникот, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања, освен министрите и пратениците, сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници.
Според најавите од Министерството, за драфт-верзијата на Изборниот законик, министерот за правда Блерим Беџети утре ќе има состанок со претставници на четирите најголеми партии, на ОБСЕ и на ДИK во Kлубот на пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%