| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаш мои инвестиции – сакај ги моите шпиони

Балканот е сè уште поделен меѓу ЦИА и КГБ (ФСБ) како и во минатото, со тоа што сега Иран и Турција наметнуваат нови разунавачки игри

spioni

Се вели во разунавачките игри нема правила, тоа е вид на специјална војна во која се користи сè за да се надмудри противникот. Разузнавачките служби во многу земји имаат дури и законска можност да прават работи што за обичниот граѓанин се незамисливи. На пример, нашите служби, барем во минатото, можеа да отидат во затворот во Идризово, да ослободат некој затвореник, да го употребат во некоја нивна акција и потоа – да го вратат назад во ќелија. Но, ова е само еден, би рекле, бениген пример, за работата на овие служби.

Со внимателно разгледување на фактите и, уште побитно, со познавање на правилата на работата на тајните служби, во оваа магла можеме да ги видиме контурите на разунавачката мрежа.

Значи, кој со кого е…

За основното правило ќе посочиме еден свеж и еклатантен пример. Руските весници, речиси сите провладини, деновиве јавно се „развикаа“ по Србија барајќи Белград, конечно, да реши дали ќе биде со Русија или со Западот: „Не може јавно да бидете со Русија, а тајно да соработувате со НАТО“, пишуваа руските медиуми. Откако НАТО ја бомбардираше Србија во 1999 година, се чини неверојатно  оваа земја да има соработка со нивните служби, особено со американската ЦИА. Но, токму тоа се случи по падот на Слободан Милошевиќ. Не Хрватска или Словенија, не Албанија, туку КОС – Контаразунавачката служба на војската на Југославија беше главниот партнер на ЦИА. Токму тие им ги обезбедија плановите за тајните скривалишта на Садам Хусеин за време на последната кампања против Ирак. Оваа соработка ѝ овозможи на Србија да се ослободи од имиџот на балканска „црна овца“ заработен во времето на Милошевиќ. За ова време „браќата Руси“ комплетно се повлекоа од Балканот, сè додека Путиновата Русија со силните гасоводи и нафтоводи не се врати на Балканот за да ги пресретне западните проекти со што требаше да се градат гасоводи со кои ќе се заобиколи Русија (гасоводите „Набуко“ и АМБО).

За тоа кој со кого соработува меѓу разунавачите на Балкнот и од што зависи сето тоа, прочитајте во најновиот број на „Република“, кој ќе биде во продажба од утре, петок, 29 ноември 2013 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top