| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици азиланти спијат на снег во шумите во Србија

Oстрата зима дополнително ја компликува позицијата на неколку стотици азиланти, кои веќе некое време живеат во шумата околу селото Боговаџа, во централна Србија, бидејќи за нив нема место во локалниот Центар за азил. Иако српската влада реши да им даде засолниште од студеното време во околината на Обреновац, тоа не беше одобрено од страна на  локалните власти, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Студот е новиот голем проблем со кој се соочуваат најмалку 300 баратели на азил во Србија, кои поради пребукираност и недостиг од пари немаа доволно среќа да се сместат во Центарот на Боговаџа или да најдат некакво приватно сместување и засолниште од студот. Повеќето од овие азиланти се бегалци од ужасите на војната во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top