| четврток, 6 декември 2018 |

Убиствен коктел од 5 аспирини за Баер од Манчестер јунајтед

Вистински фестивал од голови (36 на 8 меча) го одбележа вториот дел од програмата во петтата рунда од Лигата на шампионите, а најуверлив беше англискиот првак Манчестер јунајтед. Со пет гола „црвените ѓаволи“ ги топредираа популарните „фармацевти“ од Леверкузен, екипата на Баер.

Пет различни играчи на Манчестер ја тресеа мрежата на Лено, а стрелци беа Валенсија, Спахиќ со автогол, Еванс, Смолинг и Нани. Во истата А група Шахтар во Доњецк му ја наполни мержата на Реал Сосиедад со 4 гола и изби на втората позиција со 8 бода, зад Манчестер јунајтед кој сигурно оди понатаму во топ-16 фазата.

Покер голови постигнаа и Реал Мадрид против Галатасарај, а „кралевите“ славеа со 4-1, иако при резултат 0-0, во 26. минута беше исклучен Рамос. Бејл, Арбелоа, Ди Марија и Иско беа прецизни за домашниот тим, а за турскиот тим стрелец беше Булут. Во конкуренција за пласман понатаму покрај сигуниот Реал Мадрид остана и Јувентус по првата победа дури во петтиот меч од Б групата. Артуро Видал со хет-трик беше јунакот на натпреварот, а два гола постигна од пенал. За ФК Копенхаген стрелец беше Олаф Мелберг. Реал е лидер со 13 бода пред Јувентус со 6 и Галатасарај и ФК Копенхаген со по 4 бода. Последното коло и дуелот во Истанбул меѓу Галата и Јуве ќе одлучува за вториот патник во топ-16 фазата.

Резултати од вечерашните мечеви: ЦСКА Москва – Баерн 1-3, Реал – Галатасарај 4-1, Јувентус – ФК Копенхаген 3-1, Баер – Манчестер јунајтед 0-5, Манчестер сити – Плзењ 4-2, Андерлехт – Бенфика 2-3, ПСЖ – Олимпијакос 2-1, Шахтар – Реал Сосиедад 4-0.

Засега пласман меѓу најдобрите 16 екипи во ЛШ изборија Баерн, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Манчестер сити, ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top