Јувентус нема победа на четирите натпревари од Б групата во Лигата на шампионите, а вечерва ќе мора да го најде рецептот за успех, ако сака да ги продолжи надежите за пласман во следната фаза. Противник на „старата дама“ од Торино е данскиот преставник ФК Копенхаген, состав што го изненади италијанскиот гигант и одигра нерешено, 1-1 на првиот меч.
„Не сум загрижен, иако сме пред императи, а тоа е победа и ништо друго. Имам голем избор на фудбалери што се светска класа и имаат одиграно безброј вакви натпревари, во ситуација кога мора да се победи. Имаме квалитет, стратегија за успех и верувам во победа вечерва“, изјави тренерот на Јуве, Антонио Конте.
Интерсен лик во целата приказна е данскиот ракометен репрезентативец Ларс Јоргенсен. Тој е член на КИФ Колдинг од Копенхаген, клуб од истиот град како и ФК Копенхаген, но ќе навива за Јувентус.
„Иако секогаш навивам за данските клубови кога играат во европските купови, овојпат ќе направам исклучок. Од секогаш сум навивал за Јувентус и тоа не може да се промени“, изјави Јоргенсен за „tv2.dk“.
Вториот дел од програмата во петтата рунда по групи почнува во Москва од 18 часот, а на мегдан на „Химки арена“ ќе излезат домашниот тим ЦСКА и европскиот првак Баерн Минхен. Баварците се пласирани во топ-16 фазата, ЦСКА е испадната, но има мотив за победа, што и гарантира трето место во Д групата и продолжување на настапите во Европа Лигата на УЕФА.
Двојки, 5. коло: ЦСКА – Баерн, Манчестер сити – Плзењ, Јувентус – ФК Копенхаген, Реал Мадрид – Галатасарај, ПСЖ – Олимпијакос, Андерлехт – Бенфика, Баер Леверкузен – Манчестер јунајтед, Шахтар – Реал Сосиедад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


