Оружен грабеж се случил утрово во скопската населба Шуто Оризари каде двајца вооружени разбојници ја ограбиле експозитурата на Македонски пошти.
Според полицијата, грабежот се случил околу 8,30 часот на улицата Јован Хаџи Шишков. Разбојниците вооружени со пиштоли упаднале во поштата и под закана од вработената одзеле 7.000 денари по што избегале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.