„Матица македонска“ во соработка со британската издавачка куќа „Парагон“ од Лондон ја издаде книгата „Македонскиот гениј низ вековите“ на англиски јазик. Соработката со „Парагон“ ќе овозможи ова ретко значајно дело за Македонија од идната година да биде дистрибуирано во синџирот книжарници на „Вотерстоунс“ во Британија. Првото издание на оваа книга е во 1972 година во Лондон од страна на издавачката куќа „Харвеј“.
Џорџо Нуриџано е роден во Рим, 1892 година. Пред Втората светска војна претстојува во Софија, каде што научно ја истражува дејноста на ВМРО и со своите ставови безрезервно ја поддржува каузата за самостојна Македонија.
Во книгата истакнува дека македонскиот народ е горд на своето славно минато, чувствува огромна љубов за својата родна земја која Македонците секогаш ги инспирира во нивната борба за заслуженото место под сонцето на светските народи. Ги забележува најголемите достигнувања на културата и уметноста на македонската почва во минатото. Како што истакнува, овој значаен придонес на македонскиот народ за човештвотот е плод на нивниот креативен дух, постојано активен низ вековите.
Ова е почеток на соработката која „Матица“ ја спроведува со своите партнери од Британија. За 2014 година е предвидено да се објави книгата „Убавините на Македонија низ преданија и легенди“, која ќе ја дистрибуира светскиот книжевен гигант „Блусмбери“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“