| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Јадица“ од Владимир Плавевски во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска со почеток во 13 часот ќе се одржи промоција на романот „Јадица“ од Владимир Плавевски.

Плавевески четириесет години работи и како лекар кој се грижи за здравјето на луѓето, а преку својот фотоапарат во слободните мигови овековечува бројни настани и природни убавини. Во последниве две децении тој се реализира и како автор на значајни прозни и драмски дела. Романот „Јадица“ е негово најдобро литературно дело, кое го издржува критериумот на оригинално компониран и драматуршки обмислен роман со посебни литературни специфики.

За романот ќе говори Раде Силјан, а извадоци од делото ќе чита Снежана Коневска-Руси.

А, во рамките на националната акција „Ден на дрвото“ учесниците на промоцијата во паркот пред „Матица ексклузив“ ќе засадат неколку дрвца, со што директно ќе се вклучат и ќа ја поддржат оваа манифестација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top