Шпанскиот суд ослободи 14 припадници на ЕТА, по пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тоа предизвика гнев кај семејствата на жртвите на нападите на баскиската сепаратистичка вооружена група.
Меѓу ослободените е Хавиер Мартинес Изагире, кој беше осуден за напад во 1991 година, во кој загина едно дете.
Голем број Шпанци се огорчени поради ослободувањето на припадниците на ЕТА, осудени за убиства и бомбашки напади за време на насилната кампања за независност на баскиската територија во северна Шпанија и југозападна Франција.
Судот во Стразбур оцени во октомври дека Шпанија ги прекршила законите, кога ретроактивно им го укинала на затворениците скратувањето на затворската казна, кое го заслужиле со добро однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


