| четврток, 6 декември 2018 |

Максимум за Зенит, реми со Атлетико Мадрид

Рускиот дрим-тим на Зенит не успеа да го победи комбинираниот состав на Атлетико Мадрид и да си ги зголеми шансите за пласман во следната фаза во Лигата на шампионите. Премиерниот меч од 5. рунда заврши нерешено 1-1.

Со голот на Адријан Лопес гостите од Мадрид поведоа во 54. минута, а со нов гол во режија на „јорганџиите“, но овојпат во сопствената мрежа, Зенит израмни дваесет минути подоцна. Автогол си постигна Алдевирелд.

Атлетико Мадрид за првпат не победи во петтиот меч од Г групата, а сепак остана лидер и тоа убедливо со 13 бода. Зенит е втор со 6 бода и меч повеќе од Порто (4) и Австрија Виена, тим што има само еден бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top