| четврток, 6 декември 2018 |

Русин ja купи куќата на Вил Смит на Хаваите

Дмитри Риболовлев е новиот сопственик на имотот на Хаваи на супер- ѕвездата Вил Смит, објави Форбс

will_smith2Форбс во написот за „трансферот на имотот“ пишува дека Смит го купил во 2009 за 13,5 милиони долари, додека сега го продаде на рускиот богаташ за 20 милиони долари.

Ако ве интересира што се се добива за таа сума, за 20 милиони на Хаваи се купува 205 квадратни метри куќа на имот од 2,8 хектари, со три спални, три купатила, тениски терени, одбојка и базен.

Ако сметате дека е многу, тогаш треба да ја сватите пасјата на Риболовлев. Лани плати 88 милиони долари за најскапиот стан во Њујорк, како и вилата на Доналд Трамп на Флорида за 100 милиони долари.

Дмитри Риболовлев на своите 43 години Форбс го смета за 93ти на листата на најбогати на светот со богатство од околу 9,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top