| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи без Пандев во стартниот состав по победа и елиминација на европскиот вицешампион

Рафаел Бенитез, според информациите од италијанските медиуми одлучи да го изостави Горан Пандев од стартниот состав за вечерашниот дерби натпревар против Борусија Дортмунд во петтото коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Според шемата што ја објави „Скај спорт“, Блерим Џемаили ќе го завземе местото на македонскиот репрезентативец во почетните 11, за исклучително важниот дуел на наполитанците против европскиот вицепрвак, што ќе се игра во Дортмунд.

napoli

 

Во формација 4-2-3-1, осамен во нападот ќе биде Игуаин, а на Наполи му игра и реми, односно еден бод од жешкото гостување во Германија. Во истата Ф група, Арсенал му е домаќин на отпишаниот Марсеј и ако победи, ќе има 12 бода во пресрет на последното коло и гостувањето во Неапол. Наполи моментно има 9 бода и ако избегне пораз, речиси сигурно е патник во следната фаза од ЛШ. На Борусија и конвенира само победа, бидејќи „милионерите“ заостануваат зад водечкото дуо за три бода.

Премиерниот меч се игра од 18 часот во Санкт Петербург меѓу домаќинот Зенит и Атлетико Мадрид, кој е сигурен учесник во понатамошната битка за трофејот во луксузното натпреварување. Тој меч се игра од 18 часот, а сите останати денешни 7 натпревари ќе почнат во 20,45 часот.

Двојки, 5. коло: Зенит – Атлетико, Борусија – Наполи, Ајакс – Барселона, Селтик – Милан, Базел – Челси, Арсенал – Марсеј, Порто – Австрија Виена и Стеауа – Шалке 04.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top