| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓуровски во мисија за враќање на Пандев и Попов во репрезентацијата

Бошко Ѓуровски сака да има комплетна репрезентација за новиот квалификациски циклус и битката за пласман на Европското првенство во 2016 година, па во изјава за спортскиот портал „Екипа“ нагласи дека ќе стори сѐ за да ги вклучи во националната селекција и Горан Пандев и Горан Попов.

Пандев деновиве со соопштение до Фудбалската федерација на Македонија објави дека се повлекува од репрезентацијата, а Попов не настапуваше во поголемиот дел од минатиот циклус за пласман на СП во Бразил, по инцидентот пред мечот со Србија во Скопје.

– Секако дека во репрезентацијата треба да играат најдобрите и најподготвените. Така ќе биде на секој меч кога ќе игра Македонија под моја команда. Доаѓам за две седмици, ќе имам разговори со раководството на ФФМ, а веднаш потоа сакам и да разговарам со дел од фудбалерите, да видам какви се размислувањата и на Горан Пандев, Горан Попов, Николче Новески и сите останати репрезентативци, затоа што сакам Македонија навистина да ја има најдобрата можна селекција во идниот квалификациски циклус – е изјавата на новиот селектор на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top