Проектот „Домашна посета“ на Министерството за здравство што од 18 ноември годинава го реализира Здравствениот дом во Кочани досега ги оправда очекувањата.
– Планиравме да посетиме 450 лица во 15 населени места од општина Кочани. До денес се
посетени и прегледани 1.122 лица од кои само во текот на вчерашниот ден 17 лица во населбата Оризари – истакна д-р Иван Спанчевски, директор на Здравствениот дом во Кочани.
Последните два дена е направена посета на 32 лица во Кочани и Оризари, а екипите, најави тој, ќе ги посетат и останатите населени места во општината. При посетата се мери крвниот притисок, шеќерот во крвта, холестерот, се даваат совети. Во акцијата се вклучени претежно болни и изнемоштени лица стари над 60 години.
Акцијата продолжува да се реализира и оваа недела, а според планот ќе бидат посетени шеесетина лица во повеќе населени места во општина Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.