| четврток, 6 декември 2018 |

Самсоненко прави чуда, ЖРК Вардар ќе биде тим од светска класа

Рускиот сопственик на женскиот ракометен клуб Вардар, Сергеј Самсоненко, реализира вистински мега-проект, а засилувањата што досега пристигнаа во Скопје и тие што допрва треба да дојдат ветуваат многу. Според информациите кои ги пренесува порталот „Хендбол Планет“ во Вардар треба да пристигнат хрватската ракометарка Маја Зебиќ и Русинката Татјана Хмирова. Вчеравечер на клупскиот сајт на „црвено-црните“ како нови ракометарки на клубот беа промовирани Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ.

Од претходно, Вардар се засили и со Јулија Николиќ (порано Портјанко), со шпанската репрезентативка Бегоња Фернандес, Бразилката Да Роча, со нашата репрезентативка Драгана Пецевска, а веќе староседелци се уште неколку руски ракометарки предводени од легендарната голманка Ина Суслина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top