Градот за следната година најави реконструкција и проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосницата со булеварот 8 Септември до студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Според досегашните најави, реконструкцијата треба да почне во текот на летните месеци. Се предвидува булеварско решение, со по две сообраќајни ленти во секој правец и со нови пешачки патеки.
Градоначалникот Коце Трајановски, на денешната средба со претставници на месните и урбани заедници во општина Карпош, истакна и дека ќе се продолжи со градежните работи за решавање на тесното сообраќајно грло меѓу улицата Скупи и булеварот 8 Септември, како и дека ќе се подготвви техничка документација за решавање на проблемот со водоснадбувањето на високата зона во Нерези.
Трајановски, во присуство на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и раководителите на јавните претпријатија, најави и изградба на фекална мрежа на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до булеварот 8 Септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.