| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
– Европската комисија наскоро ќе препорача најверојатно до крајот на летото земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешна југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји изминатиот период направија значајни реформи и затоа се квалификувани за овој чекор – вели Хан во интервју за германскиот весник „Ди Велт“.
За Македонија се наведува дека е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и прави напори за решавање на спорот за името со соседна Грција кој датира уште од прогласување на независноста на земјата во 1991 година. Укажува на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дадена вчера по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев дека решението на овој спор „никогаш не било поблиску“.
Албанија, пак, е кандидат за членство во ЕУ од 2014 година и според Хан „досега направила многу во борбата против организираниот криминал.
Македонија и Албанија треба да им се приклучат на Црна Гора и на Србија кои ги започнаа пристапните преговори во 2012, односно 2014 година и би можеле да станат членки на Унијата најрано во 2025 година.
ЕК треба да го соопшти извештајот за напредокот на државите кандидадти за членство во ЕУ на 17 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top