| четврток, 6 декември 2018 |

Џуда: Брегзит ќе го замрзне проширувањето

tim judah

Британскиот аналитичар, Тим Џуда, смета дека имиграциата имала клучна улога народот во Британија да изгласа излегување од ЕУ, па со тоа не очекува некаква динамика по прашањето за проширување на ЕУ на Балканот во блиска иднина.

– Многу различни националности има во Велика Британија, особено во сиромашните области, меѓу работничката класа. Дојдоа милион Пољаци, Романци, Бугари. Тоа се случи брзо и многумина беа против тоа. Мислам дека тоа беше клучното прашање што ја направи разликата- вели Џуда за српските медиуми.

Како последица на референдумот британскиот аналитичар предвидува продолжена нестабилност во следниот период.

-Генерално, особено ако ова прашање се оддолжи, ќе имаме еден период на економска и политичка несигурност- вели тој и додава дека не верува дека Британија ќе се извлече.

Потсетувајќи дека Шкотска веќе објави повторување на референдумот за независнот, оцени дека ќе има проблеми и во Северна Ирска, каде ќе мора да се изгради нова граница.

-На долг рок Англија, односно тоа што ќе остане од Велика Британија, ќе се извлече на овој или оној начин но ќе имаме период на нестабилност- додаде Џуда.

Говорејќи за Западниот балкан и проширувањето, Џуда наведе дека тоа прашање за проширувањето на ЕУ веќе било успорено.

-Тоа значи дека веројатно ќе застанат во некоја блиска иднина. Формално, ќе се отвораат поглавјата, но не очекувамдека нешто динамично ќе се случува по прашањето на проширување на ЕУ на Балканот во блиска иднина. Мислам дека ЕУ или тоа што ќе остане од неа, во целост ќе биде преокупирана со Велика Британија и обидот да останат сите заедно- вели Џуда.

Бидејќи миграцијата беше главното прашање во Британија, очекува дека таа ќе се актуелизира и во другите делови на ЕУ.

– Дури и ако станува збор за теоретска можност за некои десетина илјади луѓе од западниот Балкан да дојдат тука, тоа ќе го стави проширувањето на стенд бај- истакнува британскиот аналитичар Тим Џуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top