Влегувањето на Црна Гора во НАТО ја потврдува константноста на процесот на проширување на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во воведниот говор, кој го одржа заедно со полскиот претседател Анджеј Дуда, при отворањето на експертскиот форум во Варшава насловен „НАТО во заштита на мирот: 2016 и потоа”. Форумот е во рамките на средбата на врвот на НАТО, кој денеска и утре се одржува во полската престолнина.
– Црна Гора се уште не е членка на НАТО, таа е поканета на средбата на врвот во Варшава како набљудувач. Денес ние се наоѓаме во стадиум на трансформација од Алијанса на 28 земји во Алијанса на 29 земји – нагласи Столтенберг.
Тој понатаму појасни дека Црна Гора ќе стане полноправен член на Алијансата, кога сите земји ќе ги ратификуваат соодветните документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.