| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршка од Владата за 134 проекти за рурален развој

Владата ќе поддржи вкупно 134 проекти во 72 општини преку Програмата за рурален развој. За оваа намена се предвидени 1,45 милијарди денари што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа.

– Сите 72 општини што аплицираа, независно од политичката припадност на градоначалникот
или етничката структура на населението, добија поддршка за еден, а некои и за два проекта. Со ова Владата уште еднаш потврди дека спроведува политика на отворени врати – изјави денеска портпаролот, Александар Ѓорѓиев.

Директорот на Платежната агенција, Тони Димовски, информира дека проектите се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот во руралните средини, на обнова и развој на селата, како и за зачувување на традиционалните вредности. Тој додаде дека веќе се почнати јавните набавки за планираните инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top