| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија има најмалку невработени во Македонија

Најјужниот град во Македонија, Гевгелија има најмалку невработени жители во државата. Тоа го покажуваат последните податоци од Агенцијата за вработување. Од вкупно 1.900 невработени, 1.300 се гевгеличани, а остантатите се од околината на Гевгелија.

Според најавите на општнското раководство, во изминатиот период се работело на создавање услови за поволна бизнис-клима и отворање нови работни места.

– Резултатите не изостанаа и еве невработеноста континуирано се намалува – изјави градоначалникот Иван Франгов, кој вели дека негов приоритет е бројката на вработени и натаму да се зголемува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top